Search

Две причини зошто Халанд го одбра Манчестер сити

Норвешкиот фудбалски интернационалец Ерлинг Халанд, минатото лето реши да се пресели во редовите на англискиот првак Манчестер сити. „Граѓаните“ ја активираа неговата откупна клаузула од 60 милиони евра која ја имаше одредено бундеслигашот Борусихја Дортмунд. Менаџерката Рафаела Пиминето откри зошто Халанд ги одбил понудите од Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер јунајтед, Челзи и се одлучил да настапува за актуелниот англиски шампион.

“Знаете, тој потекнува од фудбалско семејство. Неговиот татко играше за Манчестер сити и има фотографии од Ерлинг како го носи тој дрес како дете. Мислам дека причините беа лични. Мислам дека тој сакаше да ја доживее Премиер лигата”, изјави таа во интервју за шпански „Ас“.

Таткото на Ерлинг, Алфи Халанд играше за Сити од 2000 до 2003 година. Ерлинг е под договор со клубот до летото 2027 година. Сезонава веќе постигна 25 гола во Премиер лигата на само 19 одиграни натпревари.

Треба да знаете
Последни објави