Search

Вучиќ и Радев на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор во Костинброд

Претседателите на Србија и Бугарија, Александар Вучиќ и Румен Радев денеска се сретнаа во Костинброд, каде присуствуваа на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор Бугарија-Србија, јави Бета.

– Важен ден за Србија и Бугарија и за целиот регион. Продолжуваме да поврзуваме две земји, два народи и нашите економии, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм.

Под фотографијата на која се поздравува со својот бугарски колега напиша дека новиот гасен интерконектор ќе донесе „поголема енергетска сигурност за граѓаните и шанса за нови инвестиции“.

Вучиќ информира дека разговарале и за други проекти за кои наведе дека се во план.

– Благодарам Румен Радев на трудот заедно да изградиме подобра иднина и најдобри можни заеднички односи, напиша Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави