Search

Баерн го блокирал трансферот на Павар

Раководството на Баерн решило во последен момент да ја одбие понудата на Интер за францускиот репрезентативец Бенжамин Павард, пренесуваат германските медиуми.

Павар (26) во последниот ден од зимскиот преоден рок ги договорил личните услови со Интер, а потоа чекал клубот да го одобри трансферот.

Челниците на германскиот шампион ја одбиле понудата со образложение дека Павар им е неопходен во борбата за трофеите во сите натпреварувања.

Францускиот фудбалер пристигна во Баерн во 2019 година од Штутгарт, а пред тоа настапуваше за Лил. За Баерн има одиграно 142 натпревари.

Треба да знаете
Последни објави