Search

Алтернатива вечерва ќе одлучува за идните чекори при евентуален влез на Алијансата за Албанците во Владата

Најтесното раководство на владејачката Алтернатива вечерва на средба во Гостивар ќе одлучува какви чекори ќе преземат во однос на евентуалниот влез на Алијансата за Албанците (АА) во Владата, потврдија за МИА од партијата.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата не е дефинитивно, но шансите за тоа се огромни. Тој потенцира дека околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, но дека за кадровските решенија воопшто не разговарале.

За кадровските решенија, како што посочи, ќе разговараат во текот на следниве денови, додавајќи дека еден од ресорите за кои партијата има „најдобри кадри“ е Министерството за здравство, со кое во моментов раководи Бесим Сали од Алтернатива.

И премиерот Димитар Ковачевски вчера напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, нагласувајќи дека во делот на сите други аспекти од можна соработка, разговорите ќе продолжат.

Извршниот одбор на СДСМ синоќа на седница избра работна група задолжена за понатамошни разговори со Алијанса та за Албанците, во која покрај партискиот лидер и премиер Ковачевски, членуваат и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, членот на Централниот одбор Љупчо Николовски, како и координаторот на Пратеничката група во Собранието, Јован Митревски.

Треба да знаете
Последни објави