Search

Дончиќ со 53 поени во победата над Пистонс

Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ постигна 53 поени во победата над Детроит Пистонс, откако пропушти еден натпревар поради повреда на зглобот. Дончиќ го надигра Хрватот Бојан Богдановиќ, кој беше најдобар играч на Пистонс со 29 постигнати поени. Маверикс ги победија Пистонс со 111:105 и сега имаат скор 27-25 во сезоната.

Дончиќ сезонава по четврти пат постигнува најмалку 50 поени на еден натпревар. Тој неодамна постави рекорд во кариерата со 60 поени против Никс на 27 декември 2022 година. Словенецот така по петти пат во кариерата постигна 50 или повеќе поени во еден натпревар. Тој стана третиот кошаркар во историјата на НБА кој го направил тоа во првите пет сезони во лигата.Рекордот за најмногу вакви натпревари во првите пет сезони во НБА му припаѓа на Мајкл Џордан (17), додека Дончиќ се изедначи на второто место со Леброн Џејмс (5).

Инаку, Маверикс го имаат најдобриот напад во лигата (120,4 поени на 100 поседи) ако се бројат само минутите што Дончиќ ги минува на теренот. Во секоја минута што ја играат без него, тие губат повеќе од 12 поени (108,0 поени на 100 поседи), што би било најлошото во лигата. Конечно, Дончиќ мораше да постигне 53 поени за Далас да ги добие Пистонс кои се најлошиот тим во лигата. Сето ова јасно укажува дека Далас реално и со Дончиќ вака не може да ја освои титулата.

Филаделфија 76ерс – Орландо Меџик 109-119

Бруклин Нетс – Лос Анџелес Лејкерс 121-104

Минесота Тимбервулфс – Сакраменто Кингс 111-118 (продолжение)

Оклахома Сити Тандер – Голден Стејт Вориорс 120-128

Сан Антонио Спарс – Вашингтон Визардс 106-127

Далас Маверикс – Детроит Пистонс 111-105

Феникс Санс – Торонто Репторс 114-106

Портланд Трејл Блејзерс – Атланта Хокс 129-125

Треба да знаете
Последни објави