Search

АТП не најде докази против Зверев за семејно насилство

Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) соопшти денеска дека нема доволно докази за казнување на германскиот тенисер Александр Зверев за семејно насилство.

Зверев, кој неодамна беше втор тенисер во светот, а во моментов е рангиран на 14. место на АТП листата, беше обвинет од својата поранешна девојка за физичко злоставување.

АТП во есента 2021 година отвори независна истрага, а денеска објави дека нема доволно докази за казнување и оти овој случај од нивна страна е завршен.

Олга Шарипова, поранешната девојка на актуелниот олимписки првак, прво на социјалните мрежи обелодени дека, наводно, била жртва на физичко насилство, а подоцна и во интервјуа говореше дека Зверев ја тепал, задушувал со перница и ја заклучувал во хотелски соби.

Сите овие наводи германскиот тенисер ги отфрли.

АТП порача дека ќе преземе соодветни чекори доколку во иднина се појават нови докази.

Треба да знаете
Последни објави