Search

Унгарија заврши работа и го чека исходот од дуелот Шведска – Португалија

Ракометната репрезентација на Унгарија лесно и очекувано ја совлада селекцијата на Зеленортските острови (42:30) во меч од последното коло од главната фаза во групата 2 на Светското првенство што се одржува во Полска и Шведска.

Унгарците со победата се искачија на второто место на табелата со шест бода, еден повеќе од Португалија која вечерва игра против Шведска. Унгарците ќе навиваат за Шведска која веќе го обезбеди првото место во групата, да ја победи Португалија.

Во пресметката на двете селекции од поранешната СФРЈ, Словенија со 31:23 ја совлада Црна Гора и го освои третото место во групата 1, обезбедувајќи квалификации за пласман на ЛОИ во Париз 2024.

 

Треба да знаете
Последни објави