Search

Во Шпанија е разбиена банда која експлоатирала бегалци од Украина

Шпанската полиција денеска соопшти дека разбила банда која управувала со три нелегални фабрики за цигари каде што работеле  во импровизирани сместувачки единици Украинци кои по руската инвазија побегнале во Шпанија.

Бандата беше обвинета за шверц на „големи количества” тутун, со кој правеле цигари од фалсификувани марки и ги продавале низ Шпанија, како и во соседните земји,   соопштија властите.

Дваесет и седум лица се уапсени во Шпанија во рамките на истрагата спроведена со помош на Европол.

Запленети се десет тони   тутун и 3,5 милиони кутии цигари во вкупна вредност од 37,5 милиони евра.

Три фабрики во винскиот регион Ла Риоха (Северна), Севиља (Југ) и Валенсија (Исток) билеа опремени со машини „напредна технологија” и можеле да произведуваат 540.000 кутии цигари дневно, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави