Инцидент се случил со возачот Бојан Богески Боки кој е и телохранител на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.
Синоќа биле запрени од полицијата со луксузно возило мерцедес при што било констатирано дека лицето немало важечка возачка дозвола и на лице место му е изречена парична казна.
Тој бил во алкохолизирана состојба.
Претходно тој бил со неколку членови на Левица во ресторана во Скопски Бисер.
Како што пренесува порталот Вечер.мк, телохранителот на Апасиев претходно е осудуван на условна казна за тешки телесни повреди и насилство.
Засега, нема никаков коментар од Левица и/или Апасиев, ниту од МВР. Од порталот најавуваат повеќе детали во текот на денот.
Извор: Вечер.мк