Месар во Хонг Конг загина при обид да убие свиња, извести локалната полиција, пишува Си-Ен-Ен.
Месар (61), кој работел во кланицата „Шеунг Шуи“ на северот од градот, пукал во свињата со електричен пиштол.
Животното требало да се онесвести, но наеднаш ги отворило очите, станало и го соборило месарот, кој на крајот се здобил со смртоносна повреда.
Свињата го соборила на подот во кланицата, а тој се повредил со нож за месо. Се здобил со рана длабока 15 сантиметри.
Колега кој го пронашол месарот во безсознание и со нож за месо во раката рекол дека 61-годишникот се здобил со повреда во пределот на ногата. Од здобиените повреди тој починал во болница.
Истрагата е во тек.