Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, изрази уверување рече дека казната која му е изречена на торинскиот клуб нема да влијае на играчите.
Федералниот апелациски суд на Италија вчера го казни Јувентус со одземање 15 бодови поради фалсификување финансиски извештаи.
„Ништо не се менува, мораме да освојуваме бодови”, рече Алегри пред денешниот натпревар на домашен терен против Аталанта во рамки на 19. коло во Серија А.
„Тешко ќе биде против Аталанта, бидејќи противникот е во добра форма. Треба да победиме за да се искачиме на седмото место. Правните работи се грижа на клубот. Ќе има жалба, а ние мислиме само на теренот. Имаме 22 бодови и мораме да дојдеме до 25″, посочи Алегри.