После победата над Григор Димитров во третото коло на Отвореното првенство на Австралија, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му се заблагодари на Господ.
Новак двапати бараше медицински тајм-аут, а после некои поени и на крајот на дуелот, покажуваше кон небото.
„Тоа е молитва и благодарност. Некогаш и разговор, особено во ситуациите кога чувствувам дека имам божја помош да ги пребродам здравствените и физички проблеми. Свесен сум за божјата интервенција во целата приказна. Кога почнуваше турнирот, мислев дека нема да можам да игра, но еве тука сум“ – рече Ѓоковиќ кој во следното коло против себе ќе ја има и публиката, бидејќи игра со Австралиецот Де Минаур.