Во Љубљана убиен е 34-годишен маж, а полицијата се уште трага по убиецот, јавуваат словенечките медиуми. Убиецот е висок околу 170 сантиметри, облечен во темна облека и маскиран. Тој побегнал пеш од местото на настанот, во месноста Вич, во Љубљана кон Рожна Долина, велат од тамошната полиција.
На местото на злосторството полицијата пронашла поголема сума пари. Убиениот 34-годишник од Љубљана не бил случајна мета, бидејќи во април 2020 година бил застрелан од грб. Тој бил вооружен и возвратил.
Како што рече на прес-конференција претставникот за односи со јавноста, Александра Голец, полицијата вчера околу 15 часот била информирана за инцидент во месноста Вич, во кој едно лице е повредено, пренесува Индекс.хр.
Полицијата на местото на настанот пронашла тешко повреден маж, кој од тешките повреди набрзо починал. Мажот е убиен со огнено оружје, соопшти полициската управа во Љубљана.
Според очевидци, жртвата наводно била застрелана пред малолетното дете кое седело на задното седиште.