Два пати Енди Мареј на овогодинешниот Австралија Опен покажа дека големото срце, желбата и упорноста се посилни од сите повреди, операции…
За жал, не по трет пат, бидејќи неверојатниот Британец со вештачки колк од Мелбурн беше испратен дома од Роберто Баутиста-Агут – 3:1 (6:1, 6:7, 6:3, 6:3) за да стави крај на бајката на Енди што го загреа срцата на сите носталгични љубители на тенисот.
Сепак, Мареј немаше сили ниту концентрација за нов подвиг против вжештениот Шпанец.
По освојувањето на првиот сет, Баутиста-Агут му дозволи на Енди да се врати во мечот. Асот на Пиринеите брзо се консолидираше во продолжение, го искористи заморот на Марио, кој во првите две кола мина преку десет часа на теренот. И денешниот меч траеше околу четири часа.
Енди беше испратен од теренот со овации.
Со оваа победа, Шпанецот поведе во директните средби со славниот Британец (4:3). Годинава веќе три пати го победи, а претходната средба исто така му припадна на Баутиста-Агут. Интересно, тоа беше во првото коло на Австралија Опен во 2019 година, а по тој пораз, Енди објави дека ќе оди на операција на колкот и можно пензионирање.
Останува да видиме дали Шпанецот денеска по вторпат го испрати во тениска пензија, но Мари по мечот најави дека се чувствува одлично и веќе се подготвува да дојде во Мелбурн следната година.