Колку повеќе се зголемува антивладиното расположение кај граѓаните, толку повеќе СДС и ДУИ стануваат нервозни. Почнаа со навреди кон политичките противници, па продолжија со етикетирања кон медиуми, за сега да почнат да се вртат и против своите членови кои им се спротивставуваат на нивните погубни политики, криминалот и корупцијата. На удар на оваа ненародна и недемократска влада се пратеници во Собранието од редовите на власта кои сметаат дека агонијата со оваа влада предводена од Ковачевски треба да престане и да се оди на избори.
Овие пратеници во Собранието трпат директни закани од типот „ќе ви се случи лошо вам и на вашите блиски ако поддржите избори” , но и индиректни преку посредници. Власта за заплашување и притисоци врз пратеници користи криминални групи кои ги користеше целиот овој период за матни бизниси и криминогени активности.
Власта на СДС и ДУИ не бира средства да се задржи уште некој месец на власт. Но колку повеќе насилно се однесуваат толку повеќе граѓаните се против оваа власт. Борбата за Македонија нема цена, а криминалците и насилниците од власта ќе зажалат за заканите, притисоците и насилството кое го прават.