Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, побара обединетост и заедништво во редовите на Старата дама, после одлуката за одземање 15 бодови поради финансиски малверзации.
-Мора да пробаме да ја победиме Аталанта, бидејќи победата ни носи седмо место на табелата. Следната недела ни се враќаат Погба и Влаховиќ, утре се враќа Квадрадо. Пред пресудата, имавме шанса за настап во ЛШ, можеби и за титулата, вака мора да го одработиме тоа што ни е должност, не смееме да тагуваме, за два месеци е конечната одлука после нашата жалба, изјави Алегри.
Новинарите во Торино го прашаа Алегри и дали ќе остане во Јуве ако клубот не обезбеди излез во Европа.
-Јас сум тренер на Јувентус и тоа ќе остане така, освен ако не ме избркаат. Кога е тешко, треба да покажеме дека сме мажи, рече Алегри.