Search

Хакиран е Фејсбук профилот на ОБСЕ во Македонија, сега е виетнамски хотлајн

Само дваесетина дена откако Македонија стана претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), македонската страница на оваа меѓународна организација на Фејсбук е преземена со хакерски напад.

Од ОБСЕ го потврдија случајот, поставувајќи објава во која ги предупредуваат корисниците на Фејсбук дека евентуалните пораки кои би пристигнале од неа, не се авторизирани од организацијата.

На страницата со близу 10.000 фанови се поставени нови фотографии и ново име, а таа сега е претворена во реклама за виетнамски хотлајн.

 

Треба да знаете
Последни објави