Search

Продолжен притворот на затворските полицајци за бегството на Мемети, осомничени се за поткуп

Кривичниот суд им го продолжил притворот за уште 30 дена на командирот Срѓан Димитриевски од затворот „Идризово“ и двајцата затворски полицајци осомничени дека го помогнале бегството на затвореникот Беким Мемети, објави „Телма“.

Според „А1он“ , притворот на Димитриевски му е продолжен поради опасност од бегство. Еден од аргументите дека командирот може да се даде во бегство, а прифатен од судијката е дека командирот Димитриевски извршувал висока функција во најголемиот затвор во државата, со тоа има многу пријатели, што пак, можат да му бидат логистичка поддршка за бегство. Дополнително, Кривичен суд смета дека во бегството би можел да му помогне и избеганиот затвореник Мемети.

Според информации на „А1он“ , обвинителката Лиле Стефанова дошла до докази кои покажуваат дека Димитриевски  се стекнал со значителна имотна корист помагајќи му на затвореникот Беким Мемети кој е осуден за убиство и дрога да избега при спровод во болница. Командирот сега не се гони за противзаконито ослободување на лице, туку за поткуп, кое е потешко дело и за кое казната е од четири до десет години затвор.

Треба да знаете
Последни објави