Рафаел Надал испадна во второто коло на Отвореното првенство на Австралија откако со 4-6, 4-6, 5-7 загуби од Американецот Мекензи Мекдоналд, а за време на мечот Шпанецот имаше и приговори кон Србинката Маријана Вељовиќ, која беше главен судија на стол.
Во моментите кога губеше со 1:0 во сетовите, а во вториот имаше дополнителна негатива, реши незадоволството да го истури на српската судијка. На Надал му пречеше што немал доволно време да оди да земе крпа за бришење на потта помеѓу два поени. Рафа сметаше дека Маријана прерано ја вклучувала стоперката која го мери времето.
„Не ми дозволуваш да земам крпа, а имам право на тоа. Секој пат брзам, дури и кога нормално сервирам, без да го земам пешкирот, на часовникот гледам пет, четири, три… Со тебе секогаш е исто. Пешкирот е на крајот на теренот, ми треба време. Ти не играш и не знаеш, барем пробај да сфатиш. Гајле ти е, ти не земаш пешкир“, ѝ приговараше Надал на Вељовиќ.
Судијката проба да му објасни, но Надал не сакаше да слушне образложение.
Во финишот на вториот сет Рафа Надал заработи повреда, поради која мораше да оди на лекарска помош надвор од теренот. Сето тоа емотивно го доживеа и неговиот тим, па камерите ја фатија неговата сопруга Ќиска Переља во солзи.
“Every time I am in a rush!” ????
Rafa Nadal was ???????????? happy with the umpire here ????#AusOpen | @discoveryplusUK pic.twitter.com/tT66i8WgWb
— Eurosport (@eurosport) January 18, 2023