Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес денеска изјави дека Мадрид и Лондон се блиску до договор за конечно решение за статусот на Гибралтар по Брегзит. Статусот на Гибралтар и начинот на следење на нејзината граница со Шпанија се спорни откако Велика Британија гласаше за напуштање на Европската унија во 2016 година, бидејќи полуостровот беше исклучен од договорот за Брегзит постигнат меѓу Велика Британија и ЕУ, потсетуваат британските медиуми.
-Гледам конструктивен дух од британска страна за договорот за Гибралтар, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум во Давос.
Шпанија, Велика Британија и Европската унија на 31 декември 2020 година, само неколку часа пред целосното излегување на Велика Британија од Унијата, се договорија Гибралтар да остане дел од договорот со ЕУ како Шенген зона и дека Шпанија фо конечното решение ќе ги надгледува пристаништето и аеродромот.
Европската комисија и Шпанија на крајот на 2022 година и испратија предлог на Велика Британија да ја задржи отворена копнената граница на Гибралтар со Шпанија и да обезбеди слободен проток на луѓе меѓу Шпанија и енклавата.
-Ништо не е договорено додека сè не биде договорено, но можам да видам од состаноците што ги имав со британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли дека и двајцата сакаме договор и навистина работиме на тоа, рече Албарес, без да даде временска рамка.
Шпанија во 1713 година ѝ ја отстапила на Велика Британија споменатата територија околу ртот во Гибралтарскиот теснец на Средоземното Море, но потоа долго време барала да и биде вратена.
На референдумот во 2002 година, од 33.000 жители на Гибралтар гласаа 90 отсто а од нив 99 отсто ја отфрлија секоја идеја Велика Британија да го дели суверенитетот над енклавата со Шпанија.
Меѓутоа , со големо мнозинство тие изгласаа да останат во Европската унија на британскиот референдум за Брегзит во 2016 година.