Едно лице загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во куќата на А.Е. (63) на улица „Пиринска” број 26 во Струмица.
Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата.
-Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.
Идентитетот ќе се утврдува со обдукција заради високиот степен на изгореници и засега тој се води како непознат.
Со оваa информација излегоа денеска од ОЈО Струмица по извршениот увид, а јагленосаното тело било пронајдено во една од просториите која заедно со покривот е целосно изгорена во пожарот.
Засега не се познати и причините за пожарот. Дефект на електричната инсталација се исклучува како можност за пожарот, бидејќи струјата била исклучена подолго време.