Search

Османи ја започна посетата на Украина

Претседавачот на ОБСЕ, Бујар Османи,  утрово пристигна на Главната Железничка станица во Киев, каде во својство на Претседавач со ОБСЕ ќе оствари посета на Украина. Османи, по пречекот веднаш се упати во посета на градот Бородјанка, во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија.

Воедно, во рамките на посетата, предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина. Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето –  состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија – За луѓето се работи!

Треба да знаете
Последни објави