Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, го објави конечниот список на патници за Светското првенство во Полска и Шведска.
Тој ќе смета на 18 ракометари, а од оние 22 што беа на тренинзите и играа на пријателските со Црна Гора, Хрватска и Израел, отпаднаа десното крило Александар Петковски, десниот бек Давид Савревски, левото крило Цветна Кузманоски и голманот Марко Кизиќ.
За Краков патуваат Филип Талески и Никола Митревски кои не беа дел од тимот во Пореч.
Македонија е во група со Норвешка, Аргентина и Холандија, а настапот на СП го започнува на 13 јануари со Норвежаните.
Македонија: Томовски, Митревски, Манасков, Петар Атанасијевиќ, Гоце Георгиевси, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Марко Стјојковиќ, Никола Маркоски, Костадин Петров, Филип Талески, Иван Џонов, Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Михајло Младновиќ, Павле Атанасијевиќ, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов.