Италијанскиот кормилар на Реал Мадрид, Карло Анчелоти видно потресен и тажен се појави на прес-конфедерацијата на „кралевите“ пред мечот со Вилјареал во Ла Лига, откако утривана Џанлука Вијали почина на 59-годишна возраст од рак на панкреас.
Вијали беше италијански репрезентативец и соиграч на Анчелоти во дресот на „аѕурите“, играше за Сампдорија, Јувентус, Челси.
„Ова е многу тажен ден за мене. Почина еден великан. Јас останав без голем пријател и соиграч, а светот без еден голем човек. Збогум Џанлука. Почивај во мир“, рече Анчелоти.
Ciao amico mio. RIP Gianluca Vialli pic.twitter.com/TmUherAf31
— Carlo Ancelotti (@MrAncelotti) January 6, 2023