Search

Ленс му одржа лекција на ПСЖ

Ленс стигнаа до импресивна 3:1 победа над Пари Сен-Жермен, за да се доближат на само 4 поени разлика до лидерите во француската Лига 1 и да покажат дека не се подготвени така лесно да се откажат од борбата за титулата.

Дека работите не одат на добро за тимот на Кристоф Галтие се виде уште во петтата минута, кога Пжемислав Франковски ги донесе Ленс во водство, но ПСЖ вратија бргу со голот на Иго Екитике само пет минути подоцна.

Најдобриот момент на средбата го видовме во 28-та минута, кога напаѓачот Опенда изведе вистинска фудбалска бравура, односно направи контрата на Ленс да биде ремек-дело. Најпрво се ослободи од Серхио Рамос кој заврши на колена, а потоа со елегантен потег го направи смешен Маркињос и постигна гол за 2:1.

Само што почна второто полувреме постигнаа уште еден гол преку Алексис Клод-Морис за да спречат било каков обид за камбек на парижаните.

Галтие не можеше да смета на Нејмар поради црвен картон и Меси кој се уште се одмора по Светското првенство, но останатите беа во тимот.

Треба да знаете
Последни објави