Search

(Видео) Гол маж висеше и падна од надвозник во Бронкс

На Твитер се шири шокантна снимка од потполно гол маж како виси, а потоа паѓа од надвозник во Бронкс, пишува Њујорк пост.

Видеото покажува неидентификуван гол маж како со едната рака се држи за работ од железничка станица Метрополитен авенија. Цело време замавнува, клоца и се држи за надворешниот раб на патеката.

Во еден момент покрај шините поминал и воз, кој полека се приближувал, на кратко застанал покрај човекот и потоа го продолжил патувањето. Може да се забележат и неколку граѓани кои го чекаат возот, игнорирајќи го голиот маж кој виси на работ на станицата спроти нив.

Камерманот го коментирал секое негово движење, а по околу 30 секунди, човекот се пуштил и паднал од 6 метри на бетонскиот коловоз.

Голиот маж лежел на стомак без видливо крварење, а од полицијата потврдиле дека инцидентот се случил на 23 декември и дека непознатиот маж на 20-тите бил свесен и буден кога бил пренесен во болница.

Треба да знаете
Последни објави