Фудбалерите на Астон Вила го победија Тотенхем со 2:0 како гостин во релативно досаден натпревар, особено во првото полувреме.
Па така, најинтересниот момент се случи уште пред почетокот на мечот. Тоа беше средбата меѓу Хуго Лорис и Емилијано Мартинез, голманите на француската и аргентинската репрезентација.
Лорис и на овој меч беше стартен голман, додека Мартинез само пред некој ден се врати од одмор, па Емери го остави на клупата за овој меч.
Сепак, пред натпреварот Мартинез му пришол на Лорис и му подал рака по што се ракувале, што ги налутило француските навивачи. Знаеме колку аргентинскиот голман ги понижи „триколорите“ откако Аргентина го освои Мундијалот, а најчеста мета му беше Килијан Мбапе.
Со ова капитенот на француската репрезентација покажа дека нема намера да се спушти на нивото на голманот на Астон Вила и со тоа покажа за каков професионалец се работи.
El saludo entre Hugo Lloris y Dibu Martínez antes del partido de #Tottenham vs #AstonVilla pic.twitter.com/uF0h04aziL
— Pablo Manzotti (@manzottipablo) January 1, 2023