Халвер Гранеруд е на пат да ја освои новогодишната турнеја “Четири скокалници” откако денеска го освои првото место на скокалницата во Гармиш-Партенкирхен.
Норвежанецот имаше импресивен втор скок од 142 метри, што беше за 2 метри послабо од најдолгиот скок на скокалницата.
Втор беше Ланишек од Словенија, а трет Кубацки.
Гранеруд сега има голема предност на пласманот на Новогодишната турнеја, пред натпреварувањата во Инсбрук и Бишовсхофен. Гранеруд триумфираше и на првата скокалница во Оберсдорф.