На првиот ден од новата 2023 година фудбалерите на Астон Вила изненадувачки го совладаа тимот на Тотенхем на гостински терен со 2:0 во рамките од Премиер лигата.
Тотенхем пропушти можност да се пробие на четвртата позиција на табелата.
Првото полувреме заврши без возбудувања. Ниту еден тим не покажа ништо освен еден удар на Хари Кејн кој беше блокиран.
Во продолжението од натпреварот Тотенхем имаше повеќе топка во свој посед, но нападите на Астон Вила беа почести и поопасни.
Гостите поведоа во 50 минута преку Емилијано Буендија, а конечниот епилог во 73 минута Даглас Луиз. Тотенхем е петтопласиран на табелата, додека Астон Вила е на 12 позиција.
На врвот е Арсенал со 43 бодови кој славеше во саботата против Брајтон на гостински терен со 2:4.