Се ближи почетокот на новата година, и ако го гледате ова време како можност за нешто ново, не би било лошо да ги промените вашите технолошки навики.Веројатно чувствувате дека трошите премногу време на апликациите на социјалните мрежи, и ако сакате да го намалите користењето на социјалните мрежи, треба да изберете кои апликации да ги задржите а кои да ги избришете. Да го направите изборот врз основа на безбедност на податоците и приватноста е еден начин да бидете сигурни дека сте избрале мудро.
Технолошките експерти се согласуваат: ‘Фејсбук’ е единствената апликација на социјалните мрежи што секој треба да престане да ја користи во 2023 година. Многу експерти се согласуваат дека ‘Фејсбук’ е една од најлошите апликации што можете да ги преземате и користите континуирано кога станува збор за приватноста и безбедноста, пишува „Јаху“ (Yahoo).
„Фејсбук е најпопуларната платформа за социјални медиуми и постои повеќе од една деценија. Исто така е една од најкористените апликации на паметните телефони и таблети. Сè повеќе и повеќе луѓе користат платформи како ‘Фејсбук’, а компанијата станува сè помоќна и потенцијално штетна за приватноста на корисниците“, вели Курт Улир, директор на маркетинг и глобално признат експерт, оператор и говорник.
„Причината е оваа: Фејсбук собира многу податоци за тоа како ја користите неговата апликација, од кои страници најчесто ги посетувате до кои објави добиваат најмногу внимание од вашите пријатели. Овие податоци може да се користат за сервирање насочени реклами од трети страни, што значи дека дури и ако не сакате да ги гледате овие реклами, тие сепак ќе се појавуваат во вашиот фид“, додава тој.
„Дополнително, бидејќи Фејсбук следи сè за своите корисници, вклучително и она што го посетуваат онлајн и што прават таму, може да ги продаде тие информации на компании кои исто така сакаат пристап до нив. „Ова го покренува прашањето дали Фејсбук се грижи за вашите најдобри интереси кога станува збор за заштита на вашите лични информации“, објаснува Улир.
Техничкиот експерт Гарет Јамасаки, основач на WeLoveDoodles, нè потсетува на скандалите на „Фејсбук“ околу кршењето на приватноста, најмногу поради тоа што имало повеќе такви за само 18 години постоење на оваа социјална мрежа, каде податоците на милиони корисници биле продавани на трети лица без нивни согласност.
„Иако Фејсбук останува една од најпопуларните социјални мрежи во светот, на оваа платформа редовно се наоѓаат безбедносни дупки, дури и денес. Дури и ако сте доволно внимателни да не споделите какви било финансиски или други чувствителни информации за да не влијае на вас можното нарушување на податоците, фактот дека погрешна личност добива пристап до вашите приватни разговори и објави може да заврши со штетен последици“, објаснува Јамасаки.