Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, потврди денеска дека на четворица фудбалери од стартниот тим им се продолжени договорите до лето 2024 година, а станува збор за англиските репрезентативци Маркус Рашфорд и Лук Шо, бразилскиот репрезентативец Фред и португалскиот репрезентативец Диого Далот.
Сите четворица потпишаа основни договори со Манчестер јунајтед до идното лето, но во нив е вклучена и клаузула која на клубот му овозможува да ги задржи дополнително уште една година во своите редови.
„Среќни сме бидејќи екипата се движи во вистинска насока, а овие играчи во тоа дадоа голем придонес”, изјави Тен Хаг за клупскиот сајт.
„Ја составуваме за во иднина, на долг временски период, а овие играчи мораат да бидат дел од таа екипа”, посочи холандскиот стратег на клупата на Јунајтед.