Поранешниот фудбалер Серхио Агуеро проговори за споредбите кои се прават за Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
– Мислам дека нема сомнеж. За мене немаше дилеми ниту пред Светското првенство, ниту уште повеќе сега. Кристијано имаше извонредна кариера и е многу разновиден спортист. Но, Лео, се разбира, беше и останува најдобар, рече поранешниот напаѓач на аргентинската репрезентација и Манчестер сити.
Агуеро во ноември, пред почетокот на Мундијалот 2022 стави влог од 1.001 долар дека Меси ќе биде најдобар играч на шампионатот и освои 8.264 долари
На 17 ноември 2022 година се обложив дека Меси ќе стане најдобар играч на Светското првенство и дури сега се сетив на ова”, напиша Агуеро.
Меси, кој постигна седум гола и три асистенции на Светското првенство во 2022 година, беше прогласен за најдобар играч на турнирот по финалето, во кое Аргентина ја победи Франција.