Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ почина на 53-годишна возраст по долга и тешка борба со леукемијата.
Веста за неговата смрт ја потврди и семејството, кое со тешки зборови се прости од својот сакан. Соопштението го пренесуваме во целост.
-Сопругата Аријана и децата Виктора, Вирџинија, Мирослав, Душан, Николас, внуката Виоланте, мајката на Викторијаа и братот Дражен, со тага ја објавуваат прераната смрт на нивниот сопруг, татко, примерен син и брат Синиша Михајловиќ. Извонреден професионалец, секогаш достапен за секого и секогаш добар за секого. Храбро се бореше против страшната болест. Им благодариме на лекарите и медицинските сестри кои го следеа низ годините, со сета љубов и почит, особено на лекарите Франческа Бонифаци, Антонио Курти, Алесандро Рамбалди и Лука Маркети. Синиша секогаш ќе остане со нас. Ќе живее со нас кои го сакавме“.
Михајловиќ својот последен фудбалски ангажман го имаше во редовите на Болоња, а претходно беше на чело на Катанија, Фиорентина, Сампдороја, Милан, Торино, Спортинг.