Легендарниот српски фудбалер, тренер Синиша Михајловиќ кој денеска ја загуби најважната битка за својот живот ќе биде погребан во Рим.
Михајловиќ од 2019 година се бореше со леукемија, за жал неговата битка заврши денеска во 53. година од животот.
Семејството на Михајловиќ донело одлука тој да биде погребан во Рим. Погребот ќе биде извршен в понеделник.
Тој од 1992 година живеше во Италија, главно во Рим со неговото семејство.