Меси: Баравме само верба зашто знаевме за што сме способни

Лионел Меси даде еден гол, асистираше за уште еден, а Аргентина дојде до мундијалското финале после победата со 3-0 против Хрватска за втора шанса за најдобриот Аргентинец да дојде до последниот пехар кој му недостига – златниот трофеј.

Меси стигна до пет гола и три асистенции на овој Мундијал, споредбено со претходните четири, веројатно најдобар, урна низа рекорди и сега му преостанува завршниот чекор, после искусената болка пред осум години со поразот од Германија во Рио де Жанеиро.

Аргентина го почна ова Светско првенство со пораз од Саудиска Арабија и сите почнаа да се сомневаат во овој тим на Скалони, но серијата од пет победи во низа ги носи „гаучосите“ во шесто мундијалско финале.

-Знам дека не бевме главни фаворити, но знам дека бевме спремни да не се предадеме и се што покажавме беше од меч во меч. Аргентина е во финале, треба сите да уживаме. Не знам дали го играм најдоброто Светско првенство или не, ама знам дека уживам како што не сум уживал долго време. Јас бев убеден дека оваа група на момци може многу, знаеме кој сме и само баравме од луѓето да веруваат во нас. Многу работу чувствувам, но ова што го гледам е – страшно возбудливо. Гледајќи ги луѓето со цели семејства на Светско првенство е нешто неверојатно. Дојдовме до последниот меч кој сите го сакавме. Минавме низ многу тешки ситуации, низ многу добри, на крајот искусивме сите нешто спектакуларно. Вакво уживање и да се видат сите Аргентинци како слават… А, можам само да замислам како е во тактковината – сигурно е тотално лудо.Имам една порака за Аргентинците. Нека уживаат во овој момент, ова е голема радост за цела нација. Ќе дадеме се од себе во финалето, но сега е време за славење на оваа голема работа, вели Меси.

Треба да знаете
Последни објави