Мароканецот Унахи пред трансфер во Барселона

Фудбалерот на француски Анжер и репрезентативец на Мароко, Азедин Унахи, би можел да ја продолжи кариерата во каталонскиот гигант Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Унахи (22) дојде во редовите на Анжер лани од францускиот третолигаш Авранш за сума од 300.000 евра.

Договорот го врзува Унахи со Анжер до јуни 2026 година.

Унахи со Мароко има фантастичен настап на Светското првенство во Катар каде африканската репрезентација в среда ја очекува полуфиналниот натпревар против Франција.

Треба да знаете
Последни објави