Далиќ: Заслужен пораз, да ни понудеше некој полуфинале пред почетокот на СП, веднаш ќе го прифатевме
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ нема замерка на своите фудбалер за поразот од Аргентина на која ѝ честита за победата.
Хрватска играше одлично во првиот половина час, но по досудениот пенал за Аргентина работите се променија.
-Честитки за Аргентина за пласманот во финале. Не можам ништо да им замерам на моите момци. Имавме контрола во првиот половина час, но потоа примивме гол од пенал. Некогаш имате среќа, а некогаш тоа ќе ви се врати на друг начин. Колку што разбрав, момците се бунеа за корнер, и од таа акција примивме гол. Но загубивме и тоа е тоа.
Создававме добри ситуации, но не бевме конкретни. Се подготвивме, но ни недостасуваше вистински напаѓач. Со Оршиќ сакавме да добиеме на длабочина, но примивме уште еден гол. Заслужен пораз. Брозовиќ почувствува болка во мускулот, затоа го извадив. Сакавме да го зачуваме за следниот меч. Некој пред Светското првенство да ни понудеше полуфинале, веднаш ќе го прифатевме, одиме во борба за третото место, вели Далиќ.