Нов проблем за Ливерпул: Луис Дијаз ќе паузира уште три месеци

Англискиот премиерлигаш Ливерпул и понатаму се мачи со повредите на фудбалерите, дури и кога Премиерлигата не е во полн ек. Напаѓачот Луис Дијаз требаше да биде подготвен по Светското првенство за да му помогне на тимот во борбата за врвот во Премиерлигата, но ја обнови повредата.

Колумбиецот мораше да оди на нова операција, по што ќе мора да паузира дополнителни три месеци, па на терените би можел да се врати дури во март.

Во тој период Ливерпул ќе одигра голем број важни натпревари, дерби мечеви со Челси и со Манчестер Јунајтед, а Луис Дијаз нема да може да го одигра и двомечот во осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Во досегашниот дел од сезоната, Луис Дијаз одигра 12 натпревари за „црвените“ и постигна четири гола.

Треба да знаете
Последни објави