Search

Ник Картер oд „Бекстрит бојс“ обвинет дека силувал малолетна девојка со аутизам

Пејачот Ник Картер од познатата група „Бекстрит бојс“ е обвинет дека во 2001 година силувал малолетна девојка со аутизам и церебрална парализа.

Расплаканата Шенон Шеј Рут на Фејсбук блог во живо изјави дека кога имала само 17 години ѕвездата од „Бекстрит бојс“ сексуално ја нападнала.

„Последните 21 година беа исполнети со болка, збунетост, фрустрација, срам и самоповредување, што е директен резултат на силувањето на Ник Картер“, тврди сега 39-годишната девојка.

„Иако сум аутистична и живеам со церебрална парализа, верувам дека ништо повеќе не влијаеше на мене или имаше потрајно влијание врз мојот живот од она што го направи и ми рече Ник Картер“, вели таа во својата исповед.

Рут изјави и какви страшни навреди ѝ упатил познатиот пејач.

„Откако ме силуваше, се сеќавам дека ме нарече „рет*рдирана кучка“ и ме фати и ми остави модринки на раката“, истакна таа и додаде:

„Картер се обиде да ме исплаши, да ме замолчи… тој беше гаден и се закануваше“, расплака Шенон.

Рут на прес-конференцијата истакна дека се двоумела дали да проговори бидејќи верувала дека може да „оди во затвор“ ако некому каже што наводно се случило.

Таа во тужбата навела дека била поканета во автобусот на пејачот по концертот на кој присуствувала во Такома, Вашингтон, откако застанала во ред за автограм, пишува „Телеграф“.

Инаку, ова не е првпат Картер да биде обвинет за сексуална злоупотреба. Во 2017 годин, поранешната членка на Дрим, Мелиса Шуман тврдеше дека тој сексуално ја нападнал кога таа имала 18, а тој 22 години.

Треба да знаете
Последни објави