Search

И Аргентина преку пенал-рулет стаса до полуфиналето на СП

Аргентина предводена од Лионел Меси е вториот полуфиналист на Светското фудбалско првенство кое се одржува во Катар, откако на пенали ја совлада Холандија (2:2 по продолженија, 4:3 на пенали). Противник на Аргентина ќе и биде Хрватска која во првиот четвртфинален меч победи на пенали против Бразил.

Аргентина поведе во 35. минута. Меси го проигра 24-годишниот Нахуел Молина, играчот на Атлетико Мадрид излезе пред голманот Ноперт и ја испрати топката во мрежата чекор пред Ван Дијк – 1:0. Предноста ја удвои капитенот на Аргентина со гол од пенал во 73. минута. Претходно Дамфрис брзо стартуваше во шеснаесетникот и го собори Акуња. Тоа беше десетти гол на Меси на Светското првенство.

Во тие моменти се чинеше дека Аргентинците рутински ќе стигнат до полуфиналето. Сепак, во 83. минута џокерот од клупата Воут Вегхорст искористи добро додавање на Бергуис и со глава ја враќа неизвесноста во мечот – 1:2, а во 101 минута и вторпата ја затресе мрежата на „гаучосите“ по што натпреаврот го однесе во продолженија и пенали .

Аргентинците беа поуспешни и победија со 4:3. Херој беше голманот Емилијано Мартинез , кој одбрани удар на Ван Дијк и Бергхуис .

Треба да знаете
Последни објави