Search

Маргот Роби сака романса меѓу Харли Квин и Отровната Ајви на големото платно

Маргот Роби е подготвена да се врати на својата препознатлива улога Харли Квин во филмовите на „Ди-си екстендид јуниверс“ (DCEU), а овој пат сака да ѝ се придружи и љубовницата на Харли, Отровната Ајви. Во интервју за „Комикбук“, австралиската актерка сподели дека таа веќе долго време се залага романсата помеѓу Харли со Ајви да стане игран филм и се надева дека режисерот на „Одред самоубијци“ Џејмс Ган – кој сега е избран како копретседател и коизвршен директор на „Ди-си студиос“– еден ден ова ќе го пренесе на големото платно.

„Јас се залагам за тоа со години. Не можам да ви кажам колку напорно се залагав за тоа. Тоа би било многу добро“, рече Роби.

Треба да знаете
Последни објави