Search

Португалија ја уништи Швајцарија, хет-трик на Рамош

Португалија ја растури Швајцарија со 6-1, и се најде во четвртфиналето на Светското првенство во Катар, каде што за ривал ќе го има изненадувањето Мароко.

Јунак на вечерта е 21-годишниот Гонсало Рамош кој прв постигна три гола на еден меч во Катар, и стана првиот фудбалер по Чехот Томаш Скухрави од 1990 година, кој дал хет-трик на меч од нокаут фаза на СП.

Во 33. минута Пепе погоди со глава за водство од 2-0. Тој стана најстариот фудбалер(39 години) кој погодил во нокаут фазата од Светските првенства.

 

Серијата погодоци продолжи во второто полувреме. Во 51. минута Рамош по асистенција од Далот го постигна својот втор гол на натпреварот за убедлива предност од 3-0. Само четири минути подоцна Гуереро даде гол, овојпат Рамош беше во улога на асистент. Португалија поведе со 4-0. Во 58. минута Акањи даде гол и го намали водството на 4-1.


Десет минути подоцна Рамош го даде и третиот свој гол на овој меч, запиша хет-трик за предност од 5-1. Во судиското продолжение од мечот, Рафаел Леао постигна прекрасен гол и ги постави конечните 6-1.

Кристијано Роналдо беше резерва, во 73-та минута влезе во игра, даде и гол, но беше нерегуларен, беше во офсајд позиција и оправдано му беше поништен.

 

Младиот Рамос го отвори мечот од првиот шут во 19-та минута, па погоди брзо по стартот за 3-0 и даде петти гол после повеќе од еден час за петтиот гол на Португалија.

Треба да знаете
Последни објави