Search

(Видео) Откриена е причината зошто Ето го нападна човекот со камера

Фудбалската легенда и актуелен претседател на Фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето ги шокираше сите откако излезе снимка на која се гледа како со нога во глава удира камерман. Самуел Ето, прославениот фудбалер на Барселона, Интер и Камерун, на контроверзен начин го води Фудбалскиот сојуз на својата земја откако е избран за претседател, а сега направи инцидент кој ги надмина сите досегашни.

Додека го напушташе стадионот по натпреварот помеѓу Бразил и Јужна Кореја на Светското првенство опкружен со телохранители многу навивачи го препознаа и се обидоа да се сликаат со него. Ето на почетокот прифатил да се фотографира со сите свои фанови, но поради некоја причина бил испровоциран од млад човек кој цело време го снимал и кажувал нешто на микрофонот по што дошло до инцидент.

За инцидентот се јави и удрениот камерман. Станува збор за јутјубер од Алжир. Тој тврди дека бил нападнат од Ето откако му поставил прашање за судијата Бакари Гасам. Претходно медиумите пишуваа за афера во која наводно Ето му понудил поткуп на тој судија. Дури се пишуваше дека Камерун може да биде исклучен од Мундијалот, нешто што не се случи.

„Ме нападна затоа што го прашав за судијата Гасам. Ми рече дека сум премногу глупав за да разговарам со него. Неговата слава не е доволна, тој нема право да крева рака на никого“, изјави Алжирецот.

Треба да знаете
Последни објави