Search

Панчев: Пикси заслужува да остане селектор на Србија!

Легендата на македонскиот фудбал и на српскиот повеќекратен шампион Црвена звезда, освојувачот на „златната копачка“ Дарко Панчев смета дека некогашниот свој соиграч од редовите на „црвено-белите“ Драган Стојковиќ – Пикси треба да остане селектор на Србија најмалку во наредните 4-5 години. Србија отиде на Мундијалот во Катар со амбиции да игра во нокаут фазата, а некои потајно се надеваа и на настапи во самата завршноца, но се врати дома по трите меча од групата каде заврши последнопласирана со само еден освоен бод. Поради тоа кај северниот сосед веднаш почна хајка за промени во државниот тим.

-Неуспехот на Србија? Да, неуспех е. Но, не сум од оние кои на сè гледаат црно, овој српски состав не заслужува премногу критики. Кога велам состав, мислам и на стручниот штаб и на играчите. Да не заборавиме дека во последните две години постигнаа одлични резултати, се играше добро, имаше натпревари и кога се играше фантастично и како сега одеднаш да се зборува дека ниту стручниот штаб, ниту играчите немаат врска?! Во секој случај, нешто се случуваше во Катар, се создаоа проблеми, Пикси констатираше дека имале многу повреди и дека поради тоа поединци не можеле да го дадат максимумот, му верувам. За анализа е и тоа зошто не играа тие кои биле 100 отсто подготвени? Можеме да се движиме во тој правец, да фрламе дрвја и камења по тимот, но неопходна е една промена, а тоа е да го промениме балканскиот менталитет, вели Панчев за „Спорт Клуб“.

Македонската фудбалска легенда застана целосно зад некогашниот соиграч Пикси.

-Зарем секоја втора година да менуваме селектор? Пикси мора да остане најмалку уште четири, пет сезони селектор, треба и да го задржи постоечкиот стручен штаб, континуитетот е услов за да се остварат успеси. Зошто да се враќаме на старо? Да се потсетиме на смената на Славољуб Муслин, човекот со Србија се квалификуваше на Мундијалот во Русија, и го сменија… се смееше цела Европа. Ќе повторам: Пикси заслужува доверба за нови радости на фудбалската нација! А што се однесува до грешките, сето тоа што се случуваше во Катар, ќе добие можност да се исправи и да оди во историја“.

Целото интервју на Панчев за „Спортклуб“ може да го прочитате ТУКА.

Треба да знаете
Последни објави