Search

Мбапе е на чекор од надминување на рекордите на Герд Милер, Виља и Саленко

Францускиот фудбалски репрезентативец Килијан Мбапе демонстрира врвна голгетерска форма на мечевите од 22. Светско првенство во Катар. Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Мбапе со пет постигнати голови на четирите натпреаври, три во групната фаза и еден во нокаут-фазата е најдобар стрелец во досегашниот тек на Мундијалот.

Младиот напаѓач Мбапе беше централна фигура во победата против Полска во осминафиналето од 3:1. „Галските петли“ без проблеми стигнаа до четвртфиналето на турнирот, а Мбапе постигна два гола и учествуваше во третиот гол кој беше дело на Оливие Жиру со асистенција.

Досега Мбапе беше вклучен во секој од последните 7 гола на неговиот тим на Светското првенство. Во историјата на Светските првенства, само уште тројца играчи биле директно вклучени со гол или асистенција во 7 последователни голови за својот тим за време на најголемите фудбалски собири на планетата.                                                                                            Тоа се германската легенда Герд Милер во 1970 година, Русинот Олег Саленко во 1994 година и Давид Виља за Шпанија во 2006 и 2010 година. Така, со гол или асистенција во 1/4-финалето против Англија, Мбапе ќе стане единствениот фудбалер. во историјата на фудбалот, кој беше директно вклучен во 8 последователни голови за својата земја на светските првенства.
Треба да знаете
Последни објави