– Решение за дојавите е многу едноставно користење централиризан емаил сервер, на кој ќе бидат пријавени сите дигитални сертификати издадени од телеком и кибс. Така никој нема да може да прати емаил на школо ако нема валиден сертификат, добиен од телеком или од кибс. Решенија има, треба да се практикуваат. Друго решение е користење десктоп апликација вибер, кој работи, преку активација од мобилниот телефон, така исто секој што ќе се осуди да прати порака, ќе се знае од кого е пратена, смета професорот кој има добиено бројни награди за иновации.
Во Полициска станица Кавадарци утрово околу 7 часот било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта (две средни и три основни) во Кавадарци им била упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, полицијата презела мерки за безбедно евакуирање од училиштата и во тек се антитерористички проверки.