Search

Стерлинг поради вооружен грабеж во неговиот дом експресно заминал за Лондон

Англија вечерва во осминафиналниот дуел на Светското фудбалско првенство против Сенегал настапи без Рахим Стерлинг кој со дозвола од англискиот селектор Герет Саутгејт, заминал во Лондон. Некогашниот член на англискиот шампион Манчестер сити, а сега на лондонски Челзииграше во почетната постава на првите два натпревари од групната фаза, а на третиот остана на клупата за резерви, додека вечерва прптив Сенегал го немаше ни таму.

Англиската федерација објави дека Стерлинг нема да биде во комбинација од „семејни причини“, без притоа да обелодени кои се причините за ненадејното напуштање на репрезентацијата од старана на напаѓачот Стерлинг.

Во отсуство на пофицијално соопшетние, англиските медиуми пишуваат дека Стерлинг морал итно да се врати во Лондон, поради тоа што бил извршен вооружен грабеж во неговиот дом, и тоа додека во него биле негови блиски членови на семејството.

Наводно било одземено се што било вредно од домот, пишуваат медиумите потпирајќи се на извори блиски до истрагата.

Не е познато дали Стерлинг ќе се врати повторно во Катар за натпреварот на Англија против Франција во 1/4 финалето.

Треба да знаете
Последни објави