Search

Селекторот на Полска: Никој не знае како да го запре Мбапе

Селекторот на полската фудбалска репрезентација Чеслав Михњевич го сподели своето мислење за напаѓачот на француската репрезентација Килијан Мбапе.

Полјаците во осминафиналето на СП 2022 загубија денес од Французите со резултат 1:3. Мбапе постигна два гола на овој натпревар.

– Нема рецепт како да се запре Мбапе. Никој не знае, ниту еден тренер не знае како да го запре Килијан во сегашната форма. Денес не повреди, но јас навивам за него бидејќи е вистинска ѕвезда. Мислам дека Мбапе ќе биде играчот кој ќе биде најдобар уште многу години, изјави Михњевич за „Sky Sports”.

Мбапе на Светското првенство во Катар одигра четири натпревари за француската репрезентација на кои постигна пет гола и две асистенции.

Французите во четврт-финалето на СП 2022 ќе играат со победникот од мечот Англија – Сенегал.

Треба да знаете
Последни објави