Search

Тројца полицајци убиени во Пакистан, одговорноста ја презедоа талибанците

Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за вооружениот напад во кој загинаа тројца полицајци на северот на земјата. Тоа е втор напад извршен од групата само неколку дена откако објави прекин на примирјето со владата, објави Ројтерс.

Полицијата која патролирала во Ношера, во областа на провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан, била нападната вечерва, изјави претходно за британската агенција заменикот на регионалната полиција Мохамад Али Гандапур.

Тој рече дека на лице место биле убиени тројца полицајци и дека идентитетот на напаѓачот не е познат.

Екстремистичката група Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП) ја презеде одговорноста за нападот.

ТТП во понеделникот објави дека го прекинува повеќемесечниот прекин на огнот, преземајќи ја одговорноста за самоубиствениот напад во јужен Пакистан во Кета два дена подоцна, во кој загинаа четири лица, а повеќе од 30 беа ранети.

ТТП сака да ја собори пакистанската влада и да ја замени со систем на управување што се согласува со нивното строго толкување на исламскиот закон.

Треба да знаете
Последни објави