Search

Петкова: Нема разрешница за скандалот со бебето во Гевгелија, Тренчевска да ја разреши директорката и да си поднесе оставка

Интегрален текст од прес конференција на Ангелина Петкова, пратеник

Скандалот со 10 месечното бебе во градинката во Гевгелија, кое се здоби со тешки повреди и гребаници, за време на дневниот престој во градинката, не добива соодветна разрешница.

Но затоа власта е силна на зборови, па упатува обиди за замолчување на јавноста, со опомена пред тужба.

Политичката одговорност со СДСМ на власт, стана мисловна именка, а нивните претставници немаат никакво чувство за морална одговорност.

Имено, директорката во чиј мандат се случуваат неколку скандалозни инциденти, не чувствува вина за настаните. Напротив, обвинува за навреда и клевета и се заканува со тужби.

Па затоа, јавно ја прашуваме директорката Елизабета Стефановска:

Прво, што презеде за да се надминат последиците од скандалот со 10 месечното бебе, и второ, дали се вистинити тврдењата дека, пред одреден период, истите одговорни негувателки, кога таа е директорка, заборавиле заклучено дете во тоалетот.

Воедно, сведоци сме дека извештајот кој го изнесе Министерството за труд и социјална политика на чело со Тренчевска е пристрасен и заштитнички кон сторителите на ова дело.

Изговорот дека станувало збор за “детска игра” меѓу 10 месечно бебе со негови врсници е крајно навредувачки, пред се кон родителите на детето, но и пред јавноста.

Наместо преземање на потребните чекори, институциите на чело со министерката Јована Тренчевска и директорката Елизабета Стефановска, се занимаваат со обид да го прикријат целиот случај, кој предизвика огромен револт кај семејството на детето, но исто така предизвика револт и кај нашите сограѓани.

Министерке Тренчевска, повторно јавно ве повикуваме да ја разрешите директорката Стефановска и да побарате одговорност од сите вклучени во овој случај.

Нерасчистувањето на претходните настани во изминатиот период во оваа институција, направија повторно да се случуваат нови немили настани.

Треба да знаете
Последни објави